13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Нов пристап: Шведска воведува локално затворање поради голем број на заразени

Шведска има сè поголем број на новоинфицирани со коронавирус.

Така, во четвртокот имало 1.075 случаи, а вчера 596 случаи.

Оваа држава е позната по тоа што има поинаков пристап кон овој вирус од другите, а повеќето училишта, ресторани и бизниси останаа отворени.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел смета дека земји како Холандија, Шпанија и Франција во моментов влегуваат во вториот бран, но дека тоа не е случај со Шведска.

Избегнување на собири

Во моментов се забранети јавни собири со повеќе од 50 лица. Ова се однесува на концерти, претстави и протести, но не и на работни места, трговски центри или приватни настани.

Сепак, дури и во околности кога овој закон не се применува, се очекува да се избегнат собири во големи групи.

Агенцијата за јавно здравје бара од сите да избегнуваат настани со многу луѓе, вклучувајќи забави, свадби и погреби.

Властите сакаат да воведат локални затварања познати и како “lockdown” за да го запрат брзото ширење на вирусот.

Овој потег означува нов пристап во третманот на вирусот во Шведска, бидејќи тие беа единствените кои отворија барови и ресторани во март, додека остатокот од Европа беше во блокада.

Се верува дека новите правила кои стапуваат на сила утре и ќе им овозможуваат на регионалните здравствени власти да забранат да се собираат луѓе на јавни места како што се трговски центри, концерти и базени. Исто така, веројатно ќе им се каже на луѓето да избегнуваат јавен превоз и посета на домови за стари лица.

Агенцијата за јавно здравје бара од сите да избегнуваат јавен превоз доколку е можно – да пешачат, да возат велосипед или приватен автомобил.

На децата им е дозволено да одат на училиште дури и ако е заразен член на домаќинството.

На Швеѓаните им се препорачува да останат дома доколку имаат какви било симптоми.

Тоа значи дека тие не треба да излегуваат од куќите да се дружат со други луѓе, да одат на работа, училиште или во продавници.

Швеѓаните исто така треба да бидат тестирани ако симптомите траат подолго од 24 часа.

Доколку бидат позитивни на тестот, сепак треба да останат дома најмалку седум дена по првите симптоми и најмалку два дена откако телесната температура ќе се нормализира, соопшти Агенцијата за јавно здравје.

Ако тестот е негативен, тие сепак треба да останат дома додека не бидат целосно асимптоматски.

Од возрасните се бара да останат дома седум дена откако ќе бидат позитивни тестовите на членот на домаќинството и да се тестираат по пет дена.

На децата им е дозволено да посетуваат училиште или предучилишна установа дури и ако е заразен член на домаќинството.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T

Во Шведска можна промена на власта: Десниот блок има тесна предност

M T

Антилопа уби вработен во зоолошка градина во Шведска

M T

Шведскиот министер: Одлуката на земјата да влезе во НАТО не е најсреќна, тоа е неопходен чекор

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T