19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: На утрешната владина седница ќе предложиме уште еден пакет мерки кој може да го намали бројот на новозаразени од ковид-19

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска изјави дека по утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести го информираа штабот во Владата во однос на капацитетите на болниците и ја презентираа двонеделната анализа со епидемиолошката состојба во земјава.

Во епидемиолошкиот дел се бележи значителен раст на новодијагностицирани случаи, процентуално најмногу во возрасните групи од третата, четвртата и петтата декада со карактеристики како во Скопје, така и во цела држава.

„Што се однесува до капацитетите во болниците, тие продолжуваат да се пополнуваат. Се уште нема сместено, иако е целосно подготвена модуларната болница до Инфективната клиника, кадарот е тука, подготвен. Интернистите коишто доаѓаат по системот на ротација, како и медицинските сестри. Исто така, ГОБ „8 Септември“ со целокупниот персонал којшто работи на оваа проблематика, интернисти и анестезиолози коишто работат заедно со инфектолозите, меѓутоа веќе се исполнија одделенијата инфективни во Струмица, во Куманово и во Штип, а почнуваат да се ангажираат капацитетите во болницата во Кочани. Нема места во болницата во Прилеп, и уште едно крило е отворено во болницата во Битола за целиот тој регион. Забрзано се пополнува и капацитетот на болницата во Гостивар.“, потенцираше министерот Филипче.

Тој истакна дека на утрешната седница ќе предложат уште еден пакет на мерки.

„На Владата на утрешната седница ќе предложиме уште еден пакет мерки. Сите економски оператори да работат до 23 часот, како и ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти и препорака до целата државна и јавна администрација, препорака до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес. Сето ова со пакетот на мерки кој утре ќе се дискутира во Собранието. Законот е веќе даден по скратена постапка. Законот за заштита на населението од заразни болести, а во тој закон се веќе вметнати предлозите за задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири. Сметаме дека тоа е еден пакет мерки којшто значајно може да го намали бројот на новодијагностицирани случаи“, рече министерот Филипче.

Во изјавата за медиуми, министерот Филипче упати порака до граѓаните.

„Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил целосно ограничување на движењето, односно полициски час. Да собереме сили сите, да ги почитуваме мерките за да го избегнеме сето ова, заради тоа што ова е начинот на којшто ќе треба да се функционира, во периодот што е пред нас доаѓаат уште поладни есенски и зимски месеци“, посочи Филипче.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T