17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус.

За една недела се забележани повеќе од 8.000 смртни случаи, што е најголем број на неделно ниво од средината на мај.

Бројни европски земји се обидуваат да се заштитат со воведување посилни мерки.

Рекорден број случаи на Ковид-19 се забележани во Франција за време на викендот, а поради зголемувањето на бројот на пациенти, во саботата е воведен полициски час од 21 до 6 часот наутро, што ќе трае најмалку еден месец, пренесува Би-би-си, додавајќи дека секој што ќе го прекрши мора да има валидна причина за тоа или да плати казна од 135 евра.

Од денеска, сите барови и ресторани во Белгија се затворени четири недели, а полицискиот час е во сила од полноќ до пет часот наутро. Исто така, воведена е забрана за продажба на алкохол по 20 часот.

Швајцарија воведе задолжително носење маски на сите затворени места, како и забрана за собирање на повеќе од 15 лица на едно место.

Чешка сè уште не одлучила дали е потребен карантин, а таа земја во моментов е прва според бројот на болни во Европа.

Денеска во Ирска ќе бидат презентирани нови мерки, а се претпоставува дека ќе бидат затворени несуштинските продавници и компании.

Во Германија канцеларката Ангела Меркел, поради зголемениот број на заразени, ги повика луѓето да останат дома и да избегнуваат патувања доколку е можно.

Исто така, во Италија од денес работата на барови и ресторани, како и на локални настани е ограничена.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T

Австриски експерт: Леденото доба и хаосот во Европа ќе траат до 2030-та година

M T