18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Д-р Пановски: Есенскиот бран прерано почна заради собирањата, изминатиот период имало 1.000 свадби во Скопје

Во гостување на Сител, д-р Никола Пановски истакна дека кај нас малку порано почнал есенскиот бран на коронавирус, а причина за тоа се собирањата.

-Кај нас почна малку порано есенскиот бран бидејќи времето беше релативно топло. Ова се случаи кои се пред една недела, а веќе две недели имаме голем број на случаи. Прерано почна заради тие собирања, официјално лице кажа дека имало 1.000 свадби во Скопје, плус и концертите. Летоска луѓето беа надвор одеа по плажи, корзата беа полни, не носеа маски немаше никаква експлозија од корона. Јасна е каде е главниот пренос на ковид во јавниот превоз и децата одат во школо ги носат во градинка, не можам да верувам дека нема мерка за 50 проценти во автобусите и од 50 луѓе барем тројца не носат маска, вели Пановски.

Јас лично,продолжи тој, не би влегол во автобус и да има 15 луѓе со маски, би барал сите прозори да бидат отворени за да бидам сигурен на вакви мали простори каде се шират аеросоли.

Тој вели дека мерките до сега се одлични, треба да се носи маска и тоа е научно докажано и исправно.

– На СЗО и требаше да ги прифати мерките дури во јуни што е голем скандал. Преку аеросоли е главното ширење на болеста, во комбиња, автобуси, затворен простор, на работа 90 отсто кога се оди на пушење цигари и на тој начин се шири болеста, посочи Пановски.

Спонзорирано: