13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

“На Хрватска ѝ се пишува црно, ако не ги заостри мерките”

Д-р Игор Стагjarар, хрватски научник од Универзитетот во Торонто, тврди дека на Хрватска ѝ се пишува “црно“ ако не воведе поригорозни анти-епидемиолошки мерки и посочува дека бројот на новозаболени лица може да се зголеми на 2.000 за 24 часа до крајот на следната недела.

Според него, тоа е неизбежно.

„Не можеме да дозволиме животот да се одвива нормално во оваа ситуација, бидејќи како што се зголемува бројот на заразени луѓе, така ќе се зголеми и бројот на случаи за кои ќе биде потребна хоспитализација“, вели Стагjarар.

Тој предупредува дека вирусот влегол во се поголем број болници, што резултира со зголемен број здравствени работници кои мораат да се изолираат, а доколку нешто не се промени, како што посочува, нема да има доволно лекари и здравствениот систем ќе пукне.

Во Хрватска, додаде тој, има околу 800 респиратори и во моментов 30 лица се поврзани со нив, и тоа е мала бројка, но, за жал, ситуацијата може многу брзо да се промени на полошо, објави загрепскиот „Јутарњи лист“

Апелирајќи до граѓаните да бидат одговорни и да разберат дека ова нешто со вирусот корона е „опасна работа“, Стагjarар вели дека „состојбата сè уште не е алармантна, но стана загрижувачка“.

Според него, Хрватска треба да воведе поригорозни мерки, со цел да се обиде да го намали преносот на вирусот, што го стори Канада пред три недели, кога повторно затвори угостителски објекти и спортски сали, забрани прослави на венчавки и слично.

„Доколку не се воведат поригорозни мерки и ситуацијата не се подобри многу брзо, на Хрватска и’ се пишува црно, па дури и не е исклучено повторно да имаме делумен “lockdown” (карантин) “, предупреди Стагjarар.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

21 милион луѓе во карантин во југозападна Кина поради епидемијата на коронаирус

M T

Кина стави во карантин град со 21 милиони жители поради коронавирусот

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T