11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Франција: Над 32.000 нови случаи за еден ден

Во последните 24 часа, во Франција се пријавени 32.427 нови случаи на Ковид-19, што е најголем дневен број на нови инфекции од почетокот на пандемијата.

Починаа уште 90 лица и сега вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 33.392, пренесува „Ле Паризен“.

Во Франција, во моментов се хоспитализирани 10.399 пациенти заразени со Ковид-19 (+986 за 24 часа). Од нив, 1.868 се на одделите за интензивна нега.

Само денес, 175 пациенти се примени на интензивна нега.

За околу 20 милиони Французи, од вечерва во 21 часот до 6 часот наутро започна полициски час како владина мерка против забрзаното ширење на вирусот.

Ноќниот карантин важи за Париз и неговата поширока област, како и за градовите Лион, Лил, Тулуз, Монпелје, Сент Етјен, Марсеј, Руан и Гренобл.

Полицискиот час ќе трае четири недели, но се очекува да продолжи до 1. декември, освен ако не се подобри епидемиолошката состојба.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Крадци во Франција со години ограбувале патници во возовите

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T

Франција и Германија заедно против енергетската криза: На едната ѝ е потребен гас, а на другата струја

M T

Македонија ќе купи од Франција опрема за противвоздушна одбрана

M T