13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Болниците се полнат: Каква е ситуацијата во Градска, Инфективна, Козле и останатите клиники низ земјава?

Во Инфективната клиника во последниот ден се примени 7 пациенти.

Севкупно се хоспитализирани точно 100 пациенти.

Додека пак на кислородна поддршка се 62 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во ковид центарот во Козле примени се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки кои биле суспектни на вирусот.

На градската општа болница „8 Септември“ има 8 нови примени пациенти, а се на се’ хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти, соопштија наделжните.

Исто така во битолската болница се хоспитализирани 36, додека пак во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективно во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се примени се 223, позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Истрага во словенечка болница: жив човек прогласиле за мртов, семејството погребало погрешен човек

M T

Со мотоцикл удрил во пешак, двајцата завршиле во болница

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T