13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Нов Белград, мета бил член на криминалната група „Пинк Пантер“

На паркингот пред трговскиот центар во Нов Белград, каде што попладенво околу 16:40 часот се случило пукање, во кое тешко бил ранет еден маж, во моментов се врши увид од страна на белградската полиција, пренесуваат српските медиуми.

Според „Танјуг“ во тек е интензивно пребарување на околината со цел да се најде напаѓачот.

Порталот „Блиц“, пак, информира дека пукањето се случило на паркингот, а напаѓачот потоа го фрлил пиштолот и се дал во бегство.

Очевидци рекле дека тој имал црвена јакна, капа и хируршка маска и дека кон човекот испукал два куршума во задниот дел од главата.

Од Брзата помош изјавиле дека во Ургентниот центар е донесен тешко повреден маж.

Дел од медиумите јавуваат дека застрелан е 35-годишниот Александар Шарац, кој важел за член на криминалната групата „Пинк Пантер“, позната по своите спектакуларни кражби во западноевропските земји.

Според најновите информации, Шарац им подлегнал на повредите.

Toj имал дебело криминално досие, а еден од поголемите грабежи на неговата група бил за време на операција во Милано, во септември 2016 година, во луксузна продавница за накит.

Тогаш бил уапсен, а вредноста на украдениот накит италијанските власти го процениле на стотици илјади евра.

Шарац беше уапсен во Србија по меѓународна потерница, а беше ослободен од затвор кон крајот на 2018. година.

Спонзорирано: