Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Од вечерва 20 милиони Французи “заклучени” – казни и над 3.000 евра за непочитување на полицискиот час и мерките

За околу 20 милиони Французи, полицискиот час важи како владина мерка против епидемијата на коронавирус од вечерва од 21 до 6 часот наутро.

На лице кое ќе ги прекрши правилата му се заканува парична казна од 135 евра, а во случај на повторување на повредата, ќе се изрече парична казна до шест месеци затвор и 3.750 евра.

Ноќниот карантин важи за Париз и неговата поширока област, како и за градовите Лион, Лил, Тулуз, Монпелје, Сент Етјен, Марсеј, Руан и Гренобл.

Оваа мерка ги исклучува луѓето кои одат на работа, луѓето кои имаат медицински проблем, како и оние кои треба да посетат некој член на семејството на кој му е потребна помош.

За време на полицискиот час, сопствениците на миленичиња ќе можат да ги носат своите животни во круг не повеќе од еден километар од нивното место на живеење.

За време на ноќниот карантин, луѓето што излегуваат надвор ќе мора да имаат потврда за причините за напуштање на домот. Оваа потврда може да биде на хартија или на мобилен телефон.

Околу 12.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени покрај градските полициски патроли за да го следат почитувањето на полицискиот час.

Оваа мерка ќе влијае на угостителската индустрија, како и на светот на културата, бидејќи навечер нема да има театри, претстави и кина.

Граѓаните ќе можат да се движат низ земјата, но навечер секој мора да биде во својот дом или место на привремен престој.

Полицискиот час ќе трае четири недели, но се очекува да продолжи до 1 декември, освен ако не се подобри епидемиолошката состојба.

Во Франција, 122 лица починаа од коронавирус во четвртокот и петокот, а 33.303 од почетокот на епидемијата. Повеќе од 20 000 луѓе се заразуваат дневно.

спонзорирано: