Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Од понеделник можни нови мерки – ништо нема да работи по 23 часот

Ограничување на бројот на патници во јавниот превоз за 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти по 23 часот, се новите дополнителни мерки за кои се размислува да бидат предложени до Владата овој понеделник, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Одржавме состанок заедно со Комисијата за заразни болести утрово, ги разгледавме околностите од пандемијата.

Состојбата во болниците е таква да целосно е спремна модуларната болница до Инфективната клиника, иако се уште таму нема сместено пациенти. Во однос на бројките еве гледаме и секаде во регионот се сголемуваат случаите. со есенскиот бран, рече Филипче.

спонзорирано: