13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Италија во акутна фаза, прогресивно зголемување на бројот на заразени

Според неделното соопштение на Италијанскиот висок институт за здравство (ИД), епидемијата на Ковид-19 е во акутна фаза во Италија, пишува „Хафингтон пост“.

Во последните 11 недели, има прогресивно зголемување на нови инфекции.

Според документот, вирусот циркулира на целата национална територија, а во 18 региони индикаторот за брзината на ширење на вирусот Рт е над 1.

До тој број, се смета дека здравствено-епидемиолошката состојба е под контрола.

Во моментов во Италија има 4.913 жаришта на коронавирус, од кои 1.700 се нови.

Најголем број на жаришта на коронавирус има во семејствата, 80 проценти.

Граѓаните се советуваат да ги почитуваат заштитните мерки што се во сила и да избегнуваат ситуации што можат да поттикнат натамошно ширење на инфекцијата секогаш кога е можно.

На регионалните влади им се сугерира да ги засилат мерките засновани на проценка на состојбата, вклучително и воспоставување мини карантини или локални „црвени зони“.

Според последната одлука на централната влада на регионот, тие не можат да ги ублажат заштитните мерки што важат за целата национална територија, но можат да ги заострат.

Претседателот на јужниот регион на Кампанија, Виченца Де Лука, нареди прекинување на директната настава во училиштата, а од денес, учениците ја следат наставата преку интернет.

Тој ја донесе одлуката откако беа идентификувани сто до двесте новоинфицирани со Ковид-19 во некои училишта во Неапол.

Министерката за образование, Луција Азолина, ја оцени неговата мерка како „тажна и непотребна“ затоа што, според официјалните податоци, процентот на заразени во училиштата е помал од 1 процент.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Јахта долга 40 метри потона во близина на Италија

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од суша

M T