4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

“Есента е тешка, зимата ќе биде уште потешка. Не патувајте”

Оваа есен ќе биде тешка поради постојаното ширење на коронавирусот, а зимата веројатно ќе биде уште потешка, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој посочи дека унгарскиот здравствен систем се соочува со предизвик.

Во видео порака што ја објави на својот Фејсбук профил за време на самитот на Европската унија во Брисел, Орбан рече дека Унгарците не треба да планираат патувања во странство, со оглед на европското искуство со пандемијата дискутирана на самитот „доцна во ноќта“.

“Унгарскиот здравствен систем работи под голем притисок. Ние им веруваме на нашите лекари, медицински сестри, епидемиолози, како и на полицајците што ги чуваат нашите граници”, рече Орбан, пренесува МТИ.

Денес во Унгарија се пријавени нови 1.293 случаи на коронавирус, додека 33 лица починаа, објавено е на веб-страницата на владата на таа земја.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T