Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Centar Свет Во тренд...

СЗО се загрижени: короната зема замав, расте бројот на заразени и починати во регионот

Бројот на заразени со Ковид-19 расте насекаде во светот, а некои земји започнаа да воведуваат построги мерки и забрани. Големо зголемување на бројот на инфицирани и починати има и во регионот.Светската здравствена организација објави дека ситуацијата со коронавирус во Европа предизвикува голема загриженост.

Развојот на пандемијата на Ковид-19 во Европа е многу загрижувачки, иако ситуацијата не е како во март и април, предупреди европскиот огранок на СЗО.

„Бројот на случаи расте секој ден, како и бројот на приеми во болница. Ковид сега е петта причина за смрт и е достигнат прагот од 1.000 смртни случаи на ден”, рече Ханс Клуж, директор на европскиот огранок на Светската здравствена организација, на онлајн прес-конференција.

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 793 нови случаи на инфекција од коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 3.562.Починаа 10 лица, што е најголем број на смртни случаи во последните 24 часа од почетокот на епидемијата.

Вчера беа регистрирани девет починати и рекордни 445 нови случаи на Ковид-19 во земјава. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.636, бројката на оздравени пациенти е 16.591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.236.
Никогаш повисоки не биле ниту бројките на заразени во БиХ. Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани рекордни 567 новозаболени лица. Од тоа, 386 се во Федерацијата и 181 во Република Српска. Пријавени се вкупно 14 смртни случаи.

Рекорден број новозаразени со коронавирус е регистриран и во Словенија – 745. Ова е втор ден по ред како рекорден број на новоинфицирани со Ковид- 19 е забележан во таа земја, во која сега има над 10.000 заразени, објави СТА. Вкупниот број на смртни случаи е 176.

Словенечката влада вчера најави нови драстични мерки поради епидемијата на коронавирусот.Од понеделник наставата од петто одделение од основно училиште па нагоре ќе се одвива од далечина. Од петок ќе се воведат ограничувања на движењето помеѓу црвените статистички региони во земјата, кои се вкупно седум. Во овие региони носењето маски ќе биде задолжително насекаде, ќе се ограничи работата на одредени услужни и спортски дејности, а собирањето повеќе од десет лица ќе биде забрането, пренесуваат словенечките медиуми.

Рекорд и во Бугарија каде има 819 новозаразени од коронавирус. Тоа е првпат бројот на новозаразени од коронавирус во Бугарија да надмине 800. Вкупниот број заразени во Бугарија достигна 26.593, според податоците објавени на официјалната веб-страница coronavirus.bg. Во моментот има 9.175 активни случаи на инфекција, а стапката на позитивност е 13,88, според агенцијата БТА. Хоспитализирани се 1.380 пациенти со коронавирус, а 67 од нив се на интензивна нега.Пријавени се уште шест смртни случаи, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 929 лица.

Во Романија се регистрирани 4.013 нови случаи на инфекција, објави Групата за стратешка комуникација. До денеска, 168.490 случаи на инфекција со коронавирус се потврдени во Романија, пренесува романската агенција Агерпрес.

Можеби ќе ве интересира

Португалија воведува рестриктивни мерки и за вакцинираните

M T

Се појави нова варијанта на коронавирусот која ги загрижува научниците

M T

Дали луѓето можат да си дозволат да платат за здравствена заштита? – СЗО објави извештај за Македонија

M T