5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Состојбата со вирусот е многу сериозна, не само кај нас, туку во цела Европа

Бројката на новозаразени од корнавирусот во цела Европа, во земјите од регионот и кај нас континуирано расте во есенскиот бран на пандемијата, велат од владејачката партија кога вчера во земјата беа пријавени рекордни 445 новозаразени, но и 9 починати.

Од партијата порачуваат дека најдобра и најефикасна заштита на личното и јавното здравје е почитувањето на ковид-протоколите, носењето маска, одржувањето дистанца и редовна дезинфекција.

„Не смееме да дозволиме нашиот здравствен систем да не биде во состојба да не може му овозможи нега секому кому тоа тоа му е потребно затоа што капацитетите се искористени“, се наведува во соопштението.

Во него се потсетува и дека заради поголема заштита на јавното здравје, Владата усвои нови мерки, кои ќе стапат во сила кога ќе се усвојат законските измени во Собранието.

„Состојбата со коронавирусот е многу сериозна, а во која насока ќе одиме и колку бргу ќе се стабилизира овој удар на вирусот, зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и протоколи“, порачуваат од СДСМ додавајќи дека носењето маска, одржувањето дистанца и редовната дезинфекција, се клучните три работи што треба да ги почируваат граѓаните како превентивни мерки.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T