9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Почнаа сериозни рестрикции низ ЕУ: Друга земја воведува рестриктивни мерки; „Се враќаме на препораките од пролетта“

Полска денеска објави нови ограничувачки мерки за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусите.

Мерките вклучуваат ограничување на работата на баровите и рестораните, спортски настани и работење на училиштата во некои области, што постави нов дневен рекорд за бројот на новозаболени.

“Ги повикувам сите постари луѓе да останат во своите домови. Ние ќе ја добиеме оваа битка, но само ако останеме обединети и одговорни”, рече премиерот Матеуш Моравиецки на прес-конференција.

„Денес се враќаме на основните препораки од пролетта: останете дома“, рече тој за време на видео-обраќањето.

Спортските настани ќе се одржат без присуство на публика, ќе бидат затворени спортски сали и базени, а училиштата во црвените зони каде е најприсутен коронавирусот, ќе предаваат на Интернет, пренесува Ројтерс.

Втор ден по ред, Полска објави рекордни 8.099 нови случаи на инфекција со коронавирус, покажуваат податоците на Министерството за здравство објавени на Твитер.

Земјата со 38 милиони жители досега има забележано 149.903 потврдени случаи на коронавирус и 3.308 смртни случаи.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T