3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нова вонредна состојба и полициски час: Ништо не е исклучено, ако продолжи ваквото непочитување на мерките?

Не е исклучено воведување на полициски час во вечерните часови по примерот на земјите во ЕУ, откако во Македонија секој ден се руши рекордот од претходниот во однос на новозаразени.

Иако денес беше соопштено дека нема потреба од воведување на вонредна состојба, ниту таа опција не е исклучена доколку продолжи да се влошува ситуацијата.

Веќе наголемо во Комисијата за заразни болести се кова стратегија за тоа како да се сузбие актуелниот бран на ковид 19 кој се’ повеќе зема замав во целиот Балкански регион и Европската Унија.

Масовното непочитување на мерките од страна на граѓаните, може да донесе нов полициски час, велат извори, имајќи во предвид дека болниците забрзано се полнат со пациенти.

Веќе неколку дена на почитување на мерките апелира и министерот за здравство Венко Филипче, кој порача дека граѓаните треба често да се дезинфицираат, држат хигиена и да носат маски.

Повеќе ЕУ земји веќе ги затворија кафетериите во вечерните часови, а некои отидоа до таму да ги затворат во целост. Франција воведе вонредна состојба, а многу земји го вратија полицискиот час.

Минатите месеци сведоци бевме на тотално непочитување на мерките, особено во одредени угостителски објекти, кои намерно организираа масовни забави со пејачи и свирки, што е тотално недозволиво во една ваква консталација на настаните.

Собранието во следните денови треба да ги одобри предлозите на Владата преку законски решенија за задолжително носење на маски на отворено, забрането групирање во домовите, како и забрана за слави и прослави.

Денеска во Македонија беа регистрирани рекордни 535 новозаразени лица.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T