19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ерменија ја обвини Турција дека спречува испорака на хуманитарна помош

Ерменија ја обвини Анкара дека спречува авиони со хуманитарна помош да го користат турскиот воздушен простор, а новите борби околу енклавата Нагорно-Карабах се закануваат дека ќе го вовлечат регионот во хуманитарна криза.

Меѓународните организации, вклучително и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, предупредија дека поради конфликтот, среде пандемијата на Ковид-19, на десетици илјади луѓе може да им биде потребна помош во наредните месеци.

Зарех Синанјан, ерменскиот висок комесар за прашања од дијаспората, рече дека испораката на 100 тони помош од САД е одложена затоа што Турција забранила летови на хуманитарна помош за Ерменија преку нејзиниот воздушен простор.

На ерменскиот комитет за цивилно воздухопловство му беше кажано дека летот на „Катар ервејс“ од Лос Анџелес е откажан, но не беа наведени никакви причини, изјави за „Ројтерс“ шефот на комитетот, Татевик Ревазијан .

„Имаме основа да тврдиме дека Турција намерно ја затвори воздушната линија“, рече Ревазијан, додавајќи дека Ерменија бара алтернативна рута преку Русија или Грузија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Азербејџан ја гранатираше Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

M T

Лидерите на Турција и Израел се сретнаа првпат од 2008 година

M T

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Грција и Кипар ја обвинија Турција за поттикнување на тензии

M T

Чавушоглу: На Турција не ѝ е потребна ничија дозвола за да спроведе воени офанзиви

M T

Во Турција забележена највисоката инфлација во последните 24 години

M T