9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Хрватска: Нови 372 случаи на инфекција со коронавирус, починаа три лица

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 372 нови случаи на инфекција со коронавирус, а три лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 2774, а меѓу нив има и 424 пациенти во болница. На респиратор има 27 пациенти.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 20.993 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 330 починале.Вкупно закрепнале 17.889 лица, од кои 307 во последните 24 часа. Во моментов има 15.912 лица во самоизолација.

До денеска се тестирани вкупно 366.235 лица, од кои 5.259 во последните 24 часа.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T

Маж застрелан на популарна плажа во Хрватска, починал на пат кон болница

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T