20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Милевски: Крушево станува центар за авантуристички туризам

Завврши реконструкцијата и доградбата на полетувалиштето за параглајдеристи во Крушево, како еден од најголемите туристички потенцијали за авантуристички туризам во Пелагонискиот регион и во целата држава. Исто така се изврши набавка и монтажа на вештачка трева за полетувалиште на површина од 2.042 метри квадратни во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој.

„Во рамки на овој проект сакаме да се подобри искористувањето на туристичките потенцијали на Крушево, како и зголемување на влијанието на Пелагонија како туристичка дестинација. Крушевчани треба да се горди на овој проект кој чини 4 милиони денари, бидејќи ќе придонесе за зголемување на туристите од странство во иднина, а со тоа градот ќе има и економскиот раст. Потребно е сите општини во иднина да предлагаат проекти кои ќе се од особено значење за локалните жители се со цел да се подобри животниот стандард“, истакна министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Вкупната сума за развој на Крушевскиот регион е околу 4 милиони денари.

„Веќе 3 години работиме на проекти и инвестираме во туризмот. Изработивме стратегија за туризам и ги детектиравме главните потреби во оваа област. Поставувањето на нова вештачка трева и уредувањето на параглајдинг полетувалиштето е проект кој го унапредува ова место каде што секоја година се одржуваат бројни меѓународни натпревари. Тука доаѓаат илјадници спортисти од целиот свет, а новата вештачка трева обезбедува побезбедно полетување и професионална организација на меѓународните натпревари. Горд сум што Крушево станува топ 3 светска дестинација за авантуристички туризам благодарение на проектите кои ги имплементираме со централната власт“, изјави градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Во 2021 година во Крушево ќе се одржи Светското првенство во змајарство, а од годинава официјално стана тест центар за еден од најголемите произведувачи на падобрани.

Спонзорирано: