12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМОЗАИКSHOWBIZИЗБОР

Македонската водителка соопшти дека е позитивна на Ковид-19: Права Влаинка фаќа корона пред роденден за да не мора да части

Македонската водителка Миа Костова на социјалните мрежи објави дека е позитивна на вирусот ковид-19 и дека точно знае од кој се заразила.

„Чисто совесна иако знам дека ќе има многу од оние кои ќе искоментираат ‘ако, така и е’ иако за воља на вистината знам кој е контактот кој се случи во неделата и не е никако поврзан со групирањето и журките . Откако бев известена ги откажав сите претстојни состаноци , фризери и салони, не сум била во контакт со ниту еден од моите соработници па ни пријатели. Така што, сметам дека од мене повеќето се безбедни. Официјално сум ковид позитивна. Ви благодарам за разбирањето и за пораките, се гледаме за едно 20 дена по улици, а на социјални мрежи ќе броиме заедно. Чувајте се“, напиша Миа.

Инаку водителката денеска слави роденден, па одлучи да се пошегува на своја сметка:

„Права Влаинка фаќа корона пред роденден за да не мора да части. Фала ви за секој збор, многу ми значат сите пораки за побрзо оздравување и сите честитки за роденден. Прекрасни сте! Ви посакувам се што ми посакувате пута два“, напиша водителката.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T