13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Вучиќ му пиша на Путин: „Драг пријателе, нека ти е среќен роденденот“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес му го честиташе 68. роденден на претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој во пораката вели дека многу го цени сето она што рускиот претседател го прави за нераскинливото пријателство и братство на Србија и Русија, како и за неговата силна поддршка за борбата на Србија за заштита на државните и националните интереси.

„Екселенцијо, драг пријателе, прими ги моите роденденски честитки, со искрени желби за добро здравје, за да можеш мудро и упорно да ја водиш Руската Федерација на патот кон успехот и просперитетот, зајакнувајќи ги нејзиниот углед и влијание во светот“, наведува Вучиќ во честитката.

Тој посочува дека високо ја цени цврстата поддршка на Путин за одлучната борба на Србија за заштита на виталните државни и национални интереси, пред сè на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија. Вучиќ исто така додава дека со задоволство се сеќава на претходните средби со Путин, како можност за „отворена размена на мислења и идеи за различни прашања од заеднички и глобален интерес“.

„Благодарен сум ви што секогаш можете да слушате и, без оглед на тежината и сложеноста на нашата геополитичка, воена и економска позиција, да покажете разбирање за нашите ставови. Тоа е одраз на вашата човечка и државна мудрост, како и на докажаното пријателство со српскиот народ“, истакнува Вучиќ.

Тој посочува дека е убеден дека и во наредните години ќе продолжат да градат значајни односи.

„Искрено се радувам што наскоро ќе имам повторно чест да ве угостам во нашата Србија“, се вели во честитката на Вучиќ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Утре Александар Вучиќ ќе ни донесе вакцини на Табановце

CENTAR MKD

Во Србија еден од најлошите денови, со 357 заразени, но Вучиќ се откажува од полициски час

CENTAR MKD

ВИДЕО: Полицијата во Белград се повлекува, демонстрантите влегуваат во собранието

CENTAR MKD

Видео кое ја потресе Србија и регионот: „Тато, ова е за тебе“

CENTAR MKD

(ВО ЖИВО): Илјадници се на улиците против Александар Вучиќ – Масовни демонстрации во Србија

CENTAR MKD

Вучиќ: Имаме докази за вклученост на странски служби во синоќешните демонстрации

CENTAR MKD