13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

ЕК: Турција сè повеќе се оддалечува од членството во ЕУ

Европската комисија објави дека турската влада ги доведува во прашање економијата и демократијата на нејзината земја.

Исто така, ја уништува независноста на судството, поради што Турција е многу подалеку од влегувањето во ЕУ отколку порано.

Комисијата на ЕУ ја обвини Турција за прекумерно централизирани овластувања на претседателот, за влошување на состојбата во областа на слободата на говорот, затворскиот систем и централната банка и посочи дека турската влада ја доведува земјата во ситуација на брзи промени во расположението на инвеститорите.

ЕУ изрази сериозна загриженост затоа што Анкара не реагира на негативните трендови во владеењето на правото, основните права и правдата. Разговорите за пристапување на Турција сега се во целосен застој, се вели во извештајот.

Пристапните преговори со Турција се ефективно запрени, се вели во извештајот, додавајќи дека е регистрирано сериозно назадување од обидот за државен удар во Турција во 2016 година.

Турција ги почна преговорите за членство во ЕУ во 2005 година.

Министерството за надворешни работи на Турција го оцени извештајот на ЕК како пристрасен и далеку од конструктивен, отфрлајќи ги критиките како неосновани.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лидерите на Турција и Израел се сретнаа првпат од 2008 година

M T

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

ЕК објави предлози за мерки за енергетската криза

M T

Шефицата на ЕК: Зголемените цени на енергијата ги открија лимитите на пазарот

M T

Грција и Кипар ја обвинија Турција за поттикнување на тензии

M T

Чавушоглу: На Турција не ѝ е потребна ничија дозвола за да спроведе воени офанзиви

M T