4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Џјинпинг: Не сакаме да водиме ни студена ни жешка војна со која било земја

Пeкинг нема намера да води ниту студена ниту жешка војна со која било земја, порача кинескиот претседател Шји Џјинпинг пред Генералното собрание на ООН во време на зголемени тензии меѓу Кина и САД.

„Ќе продолжиме да ги намалуваме разликите и ќе ги решаваме споровите со другите преку дијалог и преговори. Ние нема да работиме само за наша сопствена корист“, рече Шји во претходно снимениот говор на годишниот собир на светските лидери, кој се одржа виртуелно поради пандемијата.

Продолжените тензии меѓу САД и Кина зовриваа во времето на пандемијата и предупредуваа на желбата на Пекинг да преземе поголема мултилатерална улога и со тоа да се спротивстави на традиционалната лидерска улога на Вашингтон.

Бидејќи коронавирусот првпат се појави во Кина, Вашингтон го обвинува Пекинг за влошување на ширењето на епидемијата поради недостиг на транспарентност.

Кинескиот претседател во својот говор го повика светот да одговори на вирусот на глобално ниво и да ѝ ја препушти водечката улога на Светската здравствена организација.