15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи се на извори од Aгенцијата за заштита на потрошувачите Роспотребнадзор.

Оваа вакцина ја развил сибирскиот институт „Вектор“, кој минатата недела ја заврши првата фаза на тестирање на луѓе.

Русија во август ја регистрира првата вацина против Ковид-19, а ја разви институтот во Москва „Гамалеј“.

Во тек е завршна фаза од нејзиното тестирање во кое учествуваат 40.000 луѓе.

Спонзорирано: