Заради недисциплина ќе бидат засилени контролите во однос за коронавирус, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
Целта е да се избегнат рестрикции и мерки кои ќе го ограничат движењето на граѓаните, рече Филипче, но доколку е нужно и тоа ќе биде донесено.
Сепак тој најави нови мерки деновиве, со што ќе бидат редуцирани капацитетите на угостителските објекти, можна е нова мерка за задолжително носење маска дури и на отворено, но и забрана за организирање на настани.
Евентуален карантин и рестриктивни мерки ќе може да се превенираат само со почитување на мерките од граѓаните.