19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италијанците најдолговечни во ЕУ, најмногу стогодишници има во Трст

Италијанците се најдолговечни меѓу жителите на земјите од Европската Унија, покажуваат податоците на „Евростат“, заводот за статистика на Европската унија, што ги пренесува дневниот весник наменет за медицинскиот персонал „Санита“.

Наспроти тенденцијата во ЕУ, каде што во просек мажите живеат подолго од жените, во Италија припадничките на понежниот пол се подолговечни – мажите живеат во просек 81, а жените 85 години.

Општо земено, во земјите на ЕУ, очекуваниот животен век се зголемува, просекот е 81,2 години живот, а тоа зависи од локалните услови за живот, но и од здравјето на планетата, квалитетот на воздухот, водата и храната.

Во Италија, статистичарите предвидуваат дека за неколку децении ќе има проблем поради остареното населението, како да се надополнат касите на пензискиот фонд.

Веќе неколку години, Италија е на првото место во светот според ниската стапка на наталитет, на секои сто смртни случаи се раѓаат само 67 бебиња.

Ситуацијата ја подобруваат мигрантските семејства со повеќе од две деца во просек, иако им е тешко на партиите од десниот центар да признаат дека работниците од други земји придонесуваат значително за полнење на државниот пензиски фонд, тренд што ќе продолжи и ќе расте.

Меѓу италијанските градови, Трст е на првото место според бројот на жители кои имаат повеќе од сто години, од 8 до 10 ултра стогодишници на десет илјади жители.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T