11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Во обид да направи селфи жена испаднала од автомобил на автопат крај Лондон

Жена испаднала од автомобил на фреквентен автопат во околината на Лондон додека висела низ прозорецот од сопатничката страна снимајќи видео за „Снепчет“, соопшти локалната полиција, а пренесе Си-ен-ен.

На жената ѝ била укажана лекарска помош на местото на настанот и не претрпела сериозни повреди.

„За среќа, таа не беше сериозно повредена“, објави полицијата на „Твитер“, додавајќи и слика од отворениот прозорец во автомобилот од кој испаднала жената.

Си-ен-ен соопшти и резултати од студија објавена во магазинот„Journal of Family Medicine and Primary Care“, според кои околу 259 луѓе ширум светот починале при обид да направат селфи во периодот меѓу 2011 и 2017 година. Истражувачите откриле дека највеќе вакви смртни случаи се регистрирани во Индија, а потоа следат Русија, САД и Пакистан. Повеќето од жртвите биле мажи (околу 72%) на возраст под 30 години.

Тие исто така потсетуваат дека четири лица од исто семејство се удавија минатата година во Индија откако се лизнале и паднале во вода обидувајќи се да направат селфи.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Девојка тврди дека била силувана на крузер, може да добие над 10 милиони долари

M T

Туристка од Англија паднала од осум метри висина додека правела селфи во Црна Гора

M T

Девојка доби тешки повреди кога излета со автомобилот од патот

M T

Исчезната девојка за која се верува дека е ќерка на Путин

M T

Ова не го очекуваше – ПЛАНИРАВ ДА СЕ ОЖЕНАМ СО НЕА…“ Момчето ја дознало СУРОВАТА ВИСТИНА за својата вереница, а потоа таа му ги ПРИЗНА ДЕТАЛИТЕ!

M T

Автомобил удри во девојка во Скопје

M T