13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа во фаза 3 на испитувања кај околу 2.000 луѓе во светот, пренесува „Спутник“.

„СЗО многу ги цени напорите што ги презеде Руската Федерација за развој на вакцина против Ковид-19, имено ‘спутник V’. Уште еднаш сакам да ѝ се заблагодарам на Русија за одличните напори да создаде безбедна и ефективна вакцина“, изјави регионалниот директор за Европа на СЗО, Ханс Клуге, по состанокот со рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко.

Тој исто така истакна дека Русија му помогнала да обезбеди помош за земјите од Централна Азија среде пандемијата и, генерално, ја покажала својата посветеност на глобалната солидарност.

Москва веќе има добиено барања за една милијарда дози вакцина од најмалку 20 земји, но властите посочија дека Русија мора првин да им се погрижи за своите граѓани.

Руското Министерство за здравство потврди дека лекот ги поминал сите потребни контроли и докажано е дека е способен да гради имунитет против вирусот најмалку две години.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T