23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Шведска го сузби коронавирусот: Ја платија цената, но можеби завршија со епидемијата

Еден од водечките дански епидемиолози Ким Снепен процени дека епидемијата на коронавирус во Шведска можеби е сузбиена, иако имунитетот на населението сè уште е под 60 проценти.

„Постојат индиции дека Швеѓаните се здобиле со ниво на имунитет на болеста, што заедно со другите мерки е доволно за да се сузбие инфекцијата“, за „Политикен“ изјави Снепен, професор на Институтот „Нилс Бор“ во Копенхаген.

Минатата недела Шведска дневно регистрираше 23 случаи на инфекција со коронавирус на милион луѓе, во споредба со 61 случај во Данска.
Снепен призна дека Шведска има многу повисока стапка на смртност отколку Данска, бидејќи речиси 5.900 луѓе починале во Шведска и 635 во Данска.

„Тоа е цената што ја платија, но позитивната страна е што можеби сега завршија со епидемијата“, истакна Снепен.

Шведска, чиј пристап без заклучување да се постигне имунитет на стадото е критикуван од медицински експерти и политичари, има нешто повеќе од 88.000 потврдени случаи на коронавирус, додека Данска има речиси 29.000 потврдени случаи на инфекција, но сега бележи зголемување на бројот на заболени.

Сепак, други епидемиолози предупредуваат дека не може да се исклучи ризикот од зголемување на бројот на заразени во Шведска.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T

Во Шведска можна промена на власта: Десниот блок има тесна предност

M T

Антилопа уби вработен во зоолошка градина во Шведска

M T

Шведскиот министер: Одлуката на земјата да влезе во НАТО не е најсреќна, тоа е неопходен чекор

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T