20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
СВЕТ

Повеќе од 400 лица приведени на протестите во Белорусија

Околу 442 лица беа приведени во неделата во Белорусија за кршење на законот за масовни настани, од кои 266 во Минск, соопшти денеска белоруското Министерство за внатрешни работи, пренесува ТАСС.

„Вчера беа приведени вкупно 442 граѓани за кршење на законот за масовни настани. Околу 266 лица беа задржани во Минск и 76 лица во шест градови во регионот Гродно“, соопшти Министерството на својот канал на „Телеграм“.

Министерството за внатрешни работи посочи дека 330 лица биле сместени во притворските центри за предсудска постапка до сослушувањето на суд.

Претходно во саботата, најмалку 900 лица учествуваа на неовластени митинзи во Белорусија, а 430 демонстранти беа приведени, од кои 45 се уште се во притвор.

Демонстрациите на национално ниво ја зафатија Белорусија по претседателските избори на 9 август. Според официјалните резултати на Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи со огромно мнозинство од 80,10 отсто од гласовите.

Неговиот најблизок ривал во трката, Светлана Тихановскаја, се најде на второто место со 10,12 отсто од гласовите. Таа одби да ги признае резултатите и замина во Литванија.

Откако доцна на 9 август беа објавени резултатите од излезните анкети, во центарот на Минск и другите белоруски градови избија масовни протести. Во раниот постизборен период, митинзите прераснаа во жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Тековните немири ги поддржива Координативниот совет на опозицијата, кој бара повеќе протести. Како одговор, белоруските власти ги осудија превирања и побараа да се запрат неовластените демонстрации.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Масовни протести поради економската криза во Аргентина

M T

Украинската армија: И Белорусија ја нападна Украина

M T

СДСМ: Протестите не се против францускиот предлог туку неуспешен обид за рушење на Владата

M T

СДСМ: Најмалку четворица полицајци се повредени на вчерашните протести

M T

Белорусија започна воени вежби во две фази

M T

Белорусија распоредува војници на границата со Украина, потврдиле белоруските вооружни сили

M T