21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата спречи нов инцидент во струмичката болница, почина деветмесечно дете

Попладневно околу 16 часот на детското одделение при струмичката болница починало деветмесечно бебе од село Банско.

Набрзо потоа интервенирала полицијата која спречила инцидент, откако еден од роднините на починатото бебе бурно реагирал и ги обвинил докторите за неговата смрт.

„Детето во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало. Обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и е спречен поголем инцидент. Јас ја разбирам тагата на блиските, но никој нема право да реагира како што не треба“, изјави за „МИА“ директорот на болницата, доктор Наќе Гогов.

Да потсетиме, денес претпладне се случи уште еден поголем инцидент во Инфективното одделение при струмичката болница, откако почина 49-годишен пациент кој бил примен со отежнато дишење, висок крвен притисок и други коморбидитети.

Набрзо откако пациентот бил примен во болницата, состојбата му се влошила по што тој починал. Потоа, неговото семејство со уште 20-тина други лица, влегле во Инфективното одделение и сосе кревет го извадиле починатиот пациент надвор, по што со комбе го однеле дома.

Поради тоа што телото на починатиот било насилно изнесено од болницата, докторите не успеале да земат брис за да се утврди дали бил заразен со коронавирус.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Истрага во словенечка болница: жив човек прогласиле за мртов, семејството погребало погрешен човек

M T

Со мотоцикл удрил во пешак, двајцата завршиле во болница

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

Шест лица се повредени во близина на болница во Мемфис, Тенеси

M T