10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Најмалку 10 случаи на коронавирус на Света Гора

Во манастирите на Света Гора се потврдени најмалку 10 случаи на коронавирус, од кои осум случаи во манастирот Свети Павле и најмалку по еден во Хиландар и во манастирското село Лакоскити.

Манастирот Свети Павле, кој се наоѓа на западниот брег на Атос, е ставен во карантин, а еден свештеник во критична состојба е префрлен во болница во Солун, пренесува „Катимерини“.

На Атос е испратен тим на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) за да открие колку вирусот навистина е распространет на Атос.

Како што е наведено, засега никој не може да гарантира дека вирусот не се проширил во други манастири, ќелии и простории.

Се додава дека Светата заедница на почеток ги затворила вратите на Света Гора за посетителите, но мерките се ублажени и на посетителите им е дозволено да ги посетуваат манастирите со мерење на температурата, како и свештениците кои доаѓаат и одат од островот.

Иако претходно биле предупредувани свештениците да ги почитуваат мерките, многумина од нив не го прават тоа, особено за време на верски собири и церемонии.

Порталот Грик репортер потсетува дека манастирот Свети Павле е основан кон крајот на 10 и почетокот на 11 век и дека во него живеат 31 свештеник.

Манастирската библиотека содржи 494 ракописи и повеќе од 12 000 печатени книги, а манастирот се смета за 14. во хиерархијата меѓу 20 манастири на Света Гора.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T