4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Повеќе од 60.000 доброволци за руската вакцина во Москва

Повеќе од 60.000 луѓе се пријавиле доброволно да учествуваат во испитувањата на руската вакцина против Ковид-19 во Москва, вели градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

„Повеќе од 60.000 лица се пријавија доброволно, а илјадници луѓе ги поминаа потребните медицински тестови со цел да бидат регистрирани како потенцијални кандидати за тестирање“, рече Собјанин во интервју за програмата на телевизиската станица „Русија-1“.

Собјанин додаде дека повеќе од 700 луѓе ја примиле вакцината „Спутник V“ како дел од тестирањето, и дека сите се чувствуваат добро.