Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Мадрид ги заострува мерките

Во Мадрид во понеделник на сила ќе стапат нови рестриктивни мерки во борбата против коронавирусот.

Новите мерки вклучуваат ограничено движење, а властите соопштија дека ќе бидат опфатени 850.000 луѓе од Мадрид и околината.

Со новите мерки ќе биде ограничен пристапот до парковите и јавните места, а ќе биде дозволено собирање на група од шест луѓе.

„Мора да избегнеме карантин, мора да избегнеме економска катасторфа“, рекла регионалната лидерка Исабел Дијас Ајусо.

Во Шпанија во четвртокот беа потврдени повеќе од 11.000 случаи, а 162 починале.

Вкупно заболеле повеќе од 625.000 луѓе, а најмалку 30.400 починале, покажуваат податоците на шпанското Министерство за здравство.

спонзорирано: