9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Како Ал Капоне за даоците – Јанкуловска со богато “портфолио”, заглави затвор за “она на м” на избеганиот Груевски

Врховниот суд ја потврди пресудата од 4 години затвор за Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, или попознат во поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пошироката јавност како „она на М“.

Но, кога се работи за Гордана Јанкуловска, јавноста памети многу работи, за кои сè уште нема соодветна судска развршница или целосно расветлување на случаите.

Да почнеме од крајот, кумановските настани на 9 и 10 мај 2015, во кои загинаа 8 полицајци и 14 припадници на вооружената група, 37 припадници на безбедносните сили беа ранети, и беше причинета голема материјална штета на жителите и нивните домови. Јанкулоска тогаш беше принудена да поднесе оставка, заедно со шефот на тајната полиција Мијалков. Досега, за нивната инволвираност и за улогата на други актери  во оваа „мала војна“, се шпекулира многу, но без некаков правен епилог.

Неколку дена пред инцидентот во „Диво Насеље“, се случи протест на граѓаните предизвикан од објавените „бомби“ за Мартин Нешковски, на кој брутално реагираше полицијата, која тепаше и апсеше луѓе по улици, а влезе дури и да тепа студенти во библиотека. Одговорност за тоа, немаше.

Кога сме кај полицската бруталност и Мартин Нешковски, секако дека е незаборавна улогата на Јанкулоска и во овој случај. Навистина е тешко да се скрие убиство, како што вели самата Јанкулоска во уште една од објавените „бомби“, но за настанот на 6 мај 2011 одговараше само еден полицаец, а ниту еден од оние што се обидуваат да го скријат убиството, а ниту оние што знаеја а не преземаа ништо, како тогашната министерка за внатрешни работи, Јанкулоска.

Во богатото „портфолио“, се редат и „успесите“ на полето на справување со политичките неистомисленици. „Да ги сотреме“, ќе рече Јанкулоска за припадници на МВР кои симпатизери на Обединети за Македонија. „Лиле ќе лета од МТВ“, за новинарка од јавниот сервис.

Јанкулоска се истакна и во „десоросоизацијата“ која почна да ја спроведува нејзиниот шеф Груевски, за што Јанкулоска ги стави на располагање ресурсите на МВР.   „Мрежата на НВО финансирани од Сорос безмалку се претвори во монопол, со својата финансиска доминација истиснувајќи ги од сцената невладините организации кои имаат ставови поинакви од нивните. Ваквото деструктивно дејствување наместо коректив на институциите, ги претвори во деструктивен елемент во општеството. Но, светот се менува, а нашето општество созрева“, ќе рече Јанкулоска своевремено во интервју за „Дневник“.

Се разбира, жестокото справување со политичките неистомисленици кулминираше за време на изборите. Од прислушуваните разговори кои ги објави во 2015 лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дознавме и дека за време на избори МВР функционира истовремено како штаб на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, каде на долниот спрат се примаат амбасадори и се работи државната работа, а на горниот – партиската, или, како што тоа најдобро го илустрираше самата Јанкулоска, „мвро-вмро“.  Од тие разговори, впечатливи се и податоците за испраќање на полицајци-насилници за справување со неистомислениците во Охрид, праќањето автобуси на опозицијата на технички прегледи, разните инспекции, пиштења вриштења на фирми, на секој што не се согласуваше со власта, или не сакаше да и плати рекет.

А ако влеземе во приказната на „тефтерчето“ на Гордана со плусчиња и минусчиња и нејзината улога како кадровик на ВМРО-ДПМНЕ, за нарачувањето пресуди, поставувањето функционери, бруталната злоупотреба на положбата и инситуциите, оваа сторија ќе нема крај.

Навистина, долга е листата на „успеси“ на Јанкулоска, за која може да се потрошат томови, а не само еден новинарски текст. Таа серија на успеси, завршува со овие 4 години затвор, за „она на м“ и исполнување на ќефот на најзиниот шеф. Мизерно и тажно. А дали и успесите кои ги набројавме ќе бидат исто така и соодветно валоризирани, „во согласност со Уставот и законите“, допрва ќе видиме. На потег се обвинителите и судовите.

Спонзорирано: