11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел воведува тринеделен карантин

Израел од денеска воведува воведува втор тринеделен карантин поради зголемувањето на бројот на новозаболени од коронавирус.

Тринеделниот карантин ќе почне во 14 часот по локално време. Ограничувањата ќе важат за време на еврејскиот празничен период за еврејската Нова година.

Министрите што гласаа за мерките стравуваат дека вирусот може да се прошири на големите семејни собири и масовни молитви.

За време на карантинот Израелците ќе смеат да се оддалечат најмногу до еден километар од своите домови, освен за посета на лекар и за купување основни продукти и за спортување.

Училиштата и градинките се затворени од четвртокот. Многу објекти, како хотели, трговски центри, рекреативни центри, салони за убавина, спортски центри и базени, исто така се затворени. Супермаркетите, аптеките и услугите за достава на храна сè уште се отворени.

Собирите се ограничени на најмногу десет лица во затворени простории и 20 лица на отворено.

Израел го воведе првиот карантин во средината на март, а потоа ги ублажи мерките во мај.

Спонзорирано: