5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за договорот со Бугарија: Јас верувам дека навистина низ ова прашање повторно ќе излеземе победници и двете страни и мора да излеземе

Нашите соседи ни се пријатели и тоа го покажале кога требаше да одлучуваат за иднината, за исполнувањето на стратешките цели на Северна Македонија. Тоа е НАТО и Европската унија. Тие одлучија позитивно. Секако се работи за политичари, дел експерти кои лавираат согласно актуелните состојби. Но, тоа не значи дека имаме ние помалку пријателство, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.

– На патот со Грција на соработката веќе е автопатот „Пријателство“, не е автопатот „Александар Македонски“ еве зборувајќи фигуративно.

„Гоце Делчев“ е автопатот што води од Скопје кон Штип, кој што е во пуштен во употреба, но тоа е патот кон Бугарија, на нашите граници кон Бугарија., вели Заев во интервјуто за МИА.

– Јас верувам дека навистина, сите заедно ќе учиме низ призмата на градење на односи како историјата да не обединува, како да не сплотува, низ неа да најдеме причини на уште поголемо пријателство, уште поголема соработка.

Историјата не е неважна, многу е важна, но поважна е иднината, а историјата треба да ја искористиме како основа, како темел како база за добра историја. И затоа влеам дури и решавањето на прашањето за Гоце Делчев, ние мора да изнајдеме нишки кои ќе не обединат, кои ќе бидат заеднички, кои што ќе не сплотат во меѓусебното помагање, охрабрување на нова економска трговија, на меѓусебни инвестиции и соработка на сите полиња. Јас верувам дека навистина низ ова прашање повторно ќе излеземе победници и двете страни и мора да излеземе. Заради тоа што договор ќе постигнеме, а ако постигнеме договор, тој да биде одржлив и возможен, а тоа е можно само ако двете страни се подеднакво среќни, затоа што во спротивно не е договор, едната страна се наметнала на другата, нашата на бугарската или бугарската над македонската. Не ни треба тоа, додава Заев во интервјуто за МИА во врска со македонско-бугарските разговори.

– Реков имаме архиви, можеме да ги отвориме. Самите архиви постојат и кај нас, постојат и во Бугарија. Тие архиви се речиси идентични.

Ако бидеме паметни, пред сѐ нашата и нивната комисија да извлечат заедничка нишка дека заклучоците од сите пет историски личности досега беше заедничката нишка и како заедно одбележуваме. Дали се Свети Кирил и Методиј, Климент и Наум, дали е цар Самуил, така и за Гоце Делчев. Ние заедно го одбележуваме. Заедно, беше Бојко Борисов на гробот во Скопје, јас се поклонив на споменикот во Благоевград, кога бевме во 2019 или2018 година. Во Струмица е Гоце Делчев, целиот е поставен како најголем споменик. Тие го имаат исто така во Бугарија насекаде. Имаат и град Гоце Делчев. Тоа е вистината.

Знаете зборуваме за крајот на 19 и почетокот на 20 век. Наш голем револуционер, борец за македонската самостојност и независност. Човек кој што се борел и за социјалните права во тоа време против Османлиското ропстви, било и на нашата територија и на бугарската територија .

Можеме навистина да бидеме паметни да најдеме заедничка нишка што ќе не спојува. Никој да не изгуби, никој да не изгуби. Зошто? Затоа што некој се борел за права за социјални права за слобода, за човекови вредности и верувам дека паметните политичари, политичарите на 21 век, низ ваквите историски нишки наоѓаат заедништво, наоѓаат соработка, наоѓаат иднина и перспектива, вели Заев.

Спонзорирано: