12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицотакис сака да го посети Скопје, вели Заев

Се разговараше на неколку теми и во тој дел. Прво следува претходница на грчките комори од Атина и од Солун да го посетат Скопје, да одржат состаноци со нас како Влада, но и со нашите комори, за да паднат првите идеи за решавање на трејд марковите, односно за имињата за потеклото на продуктите, кое што сите заедно се согласуваме дека треба да бидеме паметни, да го искористиме овој регион, вели Заев за МИА.

– Кога го гледате светот глобално, ние навистина сме мал регион. Значаен сме, затоа што сме 30 милиони пазар, но во споредба со целиот свет навистина сме мал регион. Треба да бидеме паметни, да го искористиме ова потекло овде што го има, за наше ново регионално брендирање, секако да ги задржиме националните аспекти, со меѓусебно почитување, а сето тоа да ни даде можност за заеднички настап на пазарите, за зголемување на севкупната понуда, затоа што некои наши продукти се многу конкурентни, но се мали по обем. Ако се здружиме, можеме да освоиме цели пазари, рече премиерот Зоран Заев во интерјву за МИА.

– После тоа, следува секако владината конференција (G2G), која треба да ја одржиме и премиерот Мицотакис сака да дојде во Скопје, затоа што сака да се потсети на тогашните години 1999-2000 кога бил главен, одговорен на Националната банка на Грција за аквизицијата или купувањето на Стопанска банка – Скопје. Тој има убави спомени од тој период. Нема дојдено од тогаш. Сака да дојде, да го посети Скопје, нормално да направиме средби, сака да ја посети Стопанска банка, да ја види, прашуваше дали централата е на исто место, како се движи банката, рековме дека е една од најдобрите банки во државата и една од најголемите во Северна Македонија и секако сака да испрати пораки на охрабрување, на соработка од секој можен аспект, вели Заев.

Спонзорирано: