15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Белорусија почна процедура за тестирање на руската вакцина

Белорусија почна прелиминарни процедури за клинички испитувања на руската вакцина против коронавирус, изјави министерот за здравство Дмитриј Пиневич.

Тој кажал дека вакцината сè уште не е тестирана на волонтери, но дека почнале прелиминарните процедури, како што се проучување на досиеја, избор на центри во кои ќе биде спроведено испитувањето и слично.

„Откако ќе завршат прелиминарните процедури, за околу еден месец, ќе почне вакцинацијата на волонтери“, рече белорускиот министер.

За време на вчерашните разговори со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Сочи, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Белорусија се приклучила во последната фаза на тестирање на руската вакцина против коронавирусот.

На 11 август Русија стана првата земја што регистрира вакцина против вирусот. Вакцината наречена „Спутник V“ е изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Спонзорирано: