21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

23-годишната скопјанка почината од коронавирус била оперирана од тумор на хипофиза, а младата струмичанка имала заболување на тироида

Во изминатото деноноќие се регистрирани 98 нови случаи на Ковид-19, починати се девет лица, а оздравени 104 пациенти, информира денеска Министерството за здравство.

Починати се девет лица, меѓу кои најмладите се на возраст од 29 и 23 години: од Крива Паланка лице на 52-годишна возраст,двајца од Гостивар на 60 и 62 години, од Куманово 60-годишно лице, од Велес 70-годишно лице, двајца пациенти од Скопје на возраст од 71г и 23 години, двајца од Струмица на 29 години и 44 години. Oд нив осум се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.

Дваесет и тригодишната пациентка од Скопје која почина на Клиниката за инфективни и фебрилни болести била оперирана од тумор на хипофиза и Морбус-Кушинг ендоринолошко заболување, велат од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК. Таа била потврдена позитивна на 5 септември, а претходно 4 дена била со симптоми температура, кашлица и тешко дишење. Хоспитализирана е на 12 септември на инфективната клиника во Скопје и веднаш класифицирана како тежок пациент, ставена на кислород. Ден пред да почине, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација (заситеност на крвта со кислород), по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ).

„Смртта настапила нагло“, велат оттаму. за СДК.мк

За 29-годишната пациентка од Струмца починала во приватната болница „Филип Втори“.

„Во епидемиолошкиот извештај на ИЈЗ стои дека имала заболување на тироидната жлезда“, велат од МЗ.

Спонзорирано: