11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Австрија од денеска во музеј и на базен само со маска

Поради неповолната епидемиолошка состојба, од полноќ во Австрија се преземени нови мерки за запирање на ширењето на коронавирусот. Мерките, усвоени од владата во петокот, предвидуваат носење маска во сите затворени простори, продавници, музеи, библиотеки, на изложби, во архиви …

Во Уредбата на Министерството за здравство се наведува дека ова правило важи во сите институции.Во продавниците и вработените мора да носат маска, освен ако не се одделени со плексиглас од клиентот.

Истата мерка се однесува на сите услужни дејности, кадешто е невозможно да се одржи потребното растојание од еден метар, како што се фризери, козметичари, маникири и слично.

Кога станува збор за спортот, публиката мора да носи маска во сите затворени простории. Во базените, мора да се носи маска до базен или туш.

Во рестораните, гостите мора да носат маска сè до нивната маса, каде што можат да ја тргнат.Помеѓу столовите мора да има растојание од еден метар. Со цел да се спречат гостите да бидат преблиску еден до друг во угостителските објекти, дозволено е да се служат пијалоци и храна само на маса, а забрането е стоење во барот. Персоналот во угостителските објекти е должен да носи маска.

Уредбата исто така го регулира намалувањето на бројот на луѓе на приватни настани, како што се родендени, свадби и слично.

Според новите правила, на прослави во затворен простор, без јасно обележани места, поставен е лимит за максимален број од 50 лица, а на отворено до 100.

Овој број не го вклучува персоналот што се грижи за гостите, но ако јадете и пиете, важат истите правила како во гастрономијата, а тоа е дека храната и пијалоците може да се сервираат само на маса.

На професионално организирани настани, со јасно обележани места, се дозволени максимум 1.500 лица во затворен простор, а дури 3.000 на отворено.Организаторите на вакви настани мора да развијат соодветен концепт за да спречат ширење на коронавирусот.

Исто така, за поголемите настани, со повеќе од 500 луѓе во затворено и повеќе од 750 на отворено, мора да се добие одобрение од надлежните општински власти.

Кога станува збор за училиштата, уредбата укажува на тоа дека учениците мора да носат маски на училиште, освен на час.

Спонзорирано: