9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Вакцината доаѓа следната година: „Џонсон и Џонсон“ почнува втора фаза во тестирањето на вакцина против Ковид-19

Филијалата „Јансен“ на американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ денес ја започнува втората фаза на тестирање на вакцината против Ковид-19 во Шпанија.

Оваа студија е дел од истражувањето што ќе се одржи во следните два месеци, освен во Шпанија и во Холандија и Германија.

Истражувањето ќе опфати вкупно 550 лица.

Од компанијата во март порачаа дека во производствените капацитети сакаат да направат повеќе од милијарда дози вакцина против Ковид-19. Од седиштето тогаш соопштија дека тестирањето ќе почне од септември, а се очекува производот да биде спремен за употреба на почетокот од следната година.