17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Црна Гора, секое петто лице од тестираните е заразено со коронавирус

Во Црна Гора, секое петто лице од тестираните е заразено со коронавирус, пишува „Б92“.

Во последните 24 часа, потврдени се 128 нови инфекции со коронавирус во Црна Гора.

Според Институтот за јавно здравје, анализирани биле 569 примероци.

Закрепнување е регистрирано кај 43 пациенти.

Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 1.715.

Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус е 6.222.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција со Ковид-19 останува непроменет – од почетокот на јуни е 105, а од почетокот на годината 114.

Спонзорирано: