12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Само 11 новозаразени од 450 тестови: Се стабилизира ли ситуацијата со коронавирус во Македонија?

За прв пат по повеќе од 4 месеци, вчера беа регистрирани рекордно низок број на заразени лица од коронавирус, и тоа само 11 лица.

Според информациите на здравствените власти, за да се добие оваа бројка на заразени, биле направени 450 тестирања, што процентуално доаѓа 2.44% позитивни од вкупниот број тестирани. Претходно, низ летниот период, имаше денови кога процентот на заразени од бројот на тестирани надминуваше и 15 отсто, а ретко паѓаше под 10 отсто.

Доколку продолжи ваквиот тренд во следните 10-тина дена, Македонија ќе излезе од високоризичните земји.

Новите 11 случаи според градови: Скопје-3, Куманово-1, Тетово-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1.

Девет пати повеќе оздравени, отколку новозаразени

За прв пат соодносот на оздравени и новозаразени е речиси девет пати повеќе оздравени.

Вчера биле регистрирани 95 оздравени лица.

Во Македонија вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти, пак е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.

Дали овој тренд ќе продолжи останува да видиме.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Македонија ќе купи од Франција опрема за противвоздушна одбрана

M T

Михаел Рот денеска во Македонија на средби со државниот врв

M T

Во Македонија не е регистриран случај на мајмунски сипаници

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T