19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТЕХНОЛОГИЈАИЗБОР

„Фејсбук“ се закани дека ќе им забрани на австралиските корисници да објавуваат вести

„Фејсбук“ се закани дека на своите австралиски корисници ќе им забрани објавување на вести за време на подготовката на новиот закон.

Австралија претходно најави дека ќе ги принуди технолошките компании – „Фејсбук“ и „Гугл“ да им платат на австралиските медиуми за објавените вести, со цел заштита на независното новинарство и чекор кој ќе биде под будното око на целиот свет.

Од „Гугл“ минатиот месец ги предупредија своите корисници дека пребарувањата како резултат на оваа одлука на австралиската влада, би можеле да бидат значајно полоши.

Најновиот потег на „Фејсбук“ да го блокира споделувањето вести помогна да ескалира напнатоста помеѓу технолошките компании и регулаторите.

„Фејсбук“ соопшти дека ако биде донесен таквиот закон, тогаш ќе ги спречи Австралијанците да споделуваат вести на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Австралиската комисија за конкуренција и заштита на потрошувачите (ACCC) подготви правила за изедначување на полето за игра меѓу технолошките гиганти и издавачи за кои вели дека се борат со изгубени приходи од рекламирање.

Сепак, директорот на „Фејсбук“ за Австралија и Нов Зеланд, Вил Истон рече дека законот погрешно ја сфатил динамиката на Интернет и дека ќе им наштети на токму на вестите кои што владата се обидува да ги заштити.

„Гугл“ и „Фејсбук“ плаќаат за некои вести на одредени пазари и планираат да ја покренат оваа иницијатива во неколку земји.

Спонзорирано: