Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Во Бугарија 210 новозаразени, најголемо жариште е Софија

фото Pixabay

Во Бугарија потврдени се 210 новозаразени лица со коронавирус во последните 24 часа на направени 5.388 ПЦР тестови, покажуваат податоците во Националниот информативен систем.

Најголем дел од случаите се во Софија – 59, а потоа Пловдив – 31 и Благоевград со 24.

Во земјата досега се потврдени вкупно 13.722 случаи на Ковид-19, од кои 5.097 се активни. Излечени се 8.154 лица, од кои 174 во изминатите 24 часа.

Во болниците се хоспитализирани 861 пациенти.

Во земјата досега се заразени 763 медицински работници.

Во текот на изминатите 24 часа починаа 12 лица, со што вкупниот број достигна 471 лице.

спонзорирано: