18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Филипинскиот претседател Дутерте: Прв ќе ja примам руската вакцина

Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте изјави дека ќе волонтира за тестирање на новата руска вакцина против Ковид-19, затоа што има доверба.

„Доброволно ќе ја примам вакцината во јавност и ќе бидам првиот (на Филипините) што ќе биде тестиран“, рече Дутерте, пренесе „Си-ен-ен“.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера објави одобрение за употреба на руската вакцина против коронавирусот, велејќи дека Русија е прва во светот што направила вакцина, но неколку американски официјални претставници изразија скептицизам дали вакцината е безбедна и ефикасна.

Спонзорирано: