15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Тамам “прославија” 100 дена без коронавирус – Заразата им се врати

По 102 дена, коронавирусот повторно се појави во Нов Зеланд и градот Оукленд повторно е ставен во карантин, пренесува „Блумберг“.

Коронавирусот се појави во едно домаќинство, и не е познато како здравствените власти сега ги следат контактите за да спречат ширење на инфекцијата, рече премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден.

„Заедно веќе го победивме вирусот. Сега можеме повторно да го направиме тоа“, рече Арден.

Во Оукленд е прогласена вонредна состојба од трет степен, што значи дека на луѓето им се советува да не излегуваат надвор и да избегнуваат контакт со другите. Во остатокот од земјата е прогласена вонредна состојба од втор степен што значи дека луѓето треба да се придржуваат кон мерките на пропишана оддалеченост и дека е ограничен бројот за собирање на јавни места. Оваа одредба ќе важи три дена.

Спонзорирано: