10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“.

Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско средство против коронавирусот и откриле дека 3CLpro (C30 ендопептидаза) е основниот ензим во развојот на вирусот САРС-КоВ-2.

Коронавирусните 3CL-протеази се силни терапевтски цели, бидејќи тие играат клучна улога во репликацијата на коронавирусот. При користење на пронајдените инхибитори на оваа протеаза кај лабораториски глувци, се покажа дека овој препарат ја запира репликацијата на вирусот.

Научниците наведуваат дека таквото влијание врз слабата точка на вирусот овозможува да се блокира репродукцијата не само на МЕРС, туку и на коронавирусот МЕРС-КоВ и САРС-КоВ-2.

Како следен чекор експертите ја истакнуваат потребата од тестирање на ефективноста на лекот кај луѓето.

Спонзорирано: