10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТТОП ВЕСТИ

Богатството на Цукерберг достигна 100 милијарди долари

Богатството на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг достигна 100 милијарди долари, откако социјалната мрежа започна со нова услуга на куси видеа, пренесе Би-би-си.

Компанијата пред два дена ја промовираше „Инстаграм Рилс“, конкурентна на контроверзната кинеска апликација „ТикТок“.

Акциите на Фејсбук вчера скокнаа над 6 проценти, а уделот на Цукерберг е 13 отсто.

Во клубот на супербогаташи со имот над 100 милијарди долари, Цукерберг им се приклучи наосновачот на „Амазон“, Џеф Безос и Бил Гејтс на „Мајкрософт“.

Шефовите на технолошките гиганти во последно време се наоѓаат под лупа заради постојаниот раст на моќта и личното богатство на нивните компании.

Фејсбук, Амазон, Епл и Гугл се меѓу најголемите победници на карантинот, поради пандемијата на коронавирус, бидејќи сè повеќе луѓе купуваат, се забавуваат и се дружат преку Интернет.

Богатството на Цукерберг се зголеми за повеќе од 22 милијарди долари оваа година, а повеќе од 75 милијарди долари на Безос, според податоците на Блумберг.

Спонзорирано: